ЕСИ

Written by Administrator.


Медикус е ексклузивен увозник на производи од ЕСИ с.п.а. Италија. Од 2003 година ги увезуваме производите на ЕСИ Италија, диететски додатоци и фитопрепарати, кои до ден денес се присутни на пазарот нудејќи врвен квалитет и достапна цена за пациентите
 
ЕСИ
 
Од 1975 во светот на природата

 

 Искуство стеканато во повеќе од 35 години, благодарение на постојаните напори во истражувањето на важни и иновативни производи, строга селекција и прецизна контрола на примарните суровини ја имаат донесено ЕСИ помеѓу првите производители во секторот на природни производи и е најшироко присутна компанија во светот.

Стандард на производство на највисоко ниво на квалитет, благодарение на модерни капацитети на производство и контрола реализирани во фабриката во Албисола Марина, гарантираат квалитет и сигурност на производите кои им се нудат на клиентите. Истражувањето на квалитетот го имаат доведено ЕСИ во првиоте редови помеѓу останатите компании во овај сектор, за да се добие сертификат ИСО 9001 кој гарантира целосен квалитет: од проектирање и производство па се до комерцијализација на сопствените производи. Како последица на  производната методологија и строгите контроли на квалитетот, Министерството за здравство на Италија ја има авторизирано ЕСИ за производство и пакување на додатоци во исхраната.

Интернационалноста на ЕСИ посведочена од извозот на сопствените производи во Европа и вон Европа (Шпанија, УСА, Африка, Апарските земија итн). Како што е познато производите кои што се извезуваат мораат да поминат низ строги аналитички контроли кои потврдуваат дека квалитативните параметри се соодветни на дадените стандарди во различни национални директиви.
 
Се што е постигнато од ЕСИ с.п.а. е благодарение на постојаните напори покажани во минатите 35 години на делување, и верноста од страна  на своите клиенти.



ЕСИ С.п.а. е фирма која делува во секторот на фитотерапевтски, диететски производи и додатоци во исхраната. Формирана е во средината на 70-тите години од сегашниот претседател Антонио Марија Галеано.
На почетокот брендот ЕСИ означуваше една линија на патентирани формулации  увезени од Швајцарија. Кратко време потоа почнуваат самите да произведуваат креирајќи нови формулации во линија со научните тенденции и потребите на пазарот.
Самата фабрика за производство се наоѓа во една чиста еколошка зона во Албисола Марина (Савона) обиколена со зелени ридови и 800м одалечена од морето.
Денеска фабриката се простира на површина од 19.000 метри кбадратни, од кои еден дел е резервиран за производство а друг дел се простории за администрација и комерцијално работење.
Напорите во производството се поставени на највисоко квалитетно ниво кое што постои на пазарот.

Квалитетот и чистотата на производите за фабриката претставуваат најважна цел која што треба да се реализира:

1. Во изборот и користењето на примарните суровини одбрани и сертифицирани
2. Во ексремно ригориозна контрола на квалитетот реализирана во лаборатории специјално опремени
3. Во стандард на највисоко квалитетно ниво, благодарение на модерни капацитети за производство и контрола.


Избор на квалитет и сертификат ISO 9001 : 2008

Растечката конкуренција на пазарот и потребите на потрошувачите, секогаш информирани и пребирливи, ги стимулираат производителите и продавачите да дејствуваат во услови на гарантиран квалитет”.
Посебно, што се однесува на прехранбената индустрија, се спроведуваат директивите CЕЕ кои се однесуваат на чистотата на производите, и со Д.Л.н. 155/97 стана задолжително спроведување на автоконтрола на производство  HАCCП стандардите за да се гарантира здравјето на истите. Системот HАCCП е како за почеток задолжителен со закон во насока на организирање на систем ориентиран кон глобален квалитет.

ISO 9001- гаранција за тотален квалитет:
Проектирање, производство, комерцијализација
ЕСИ с.п.а. , како водечка помеќу фирмите во секторот го следи процесот на глобален квалитет прифаќајки ја филозофијата на сертифициран квалитет кој ја става компанијата во директен однос со потрошувачите.
ЕСИ с.п.а. не само што потполно ги почитува нормите на HАCCП системот, гарантирајќи производи произведени, складирани и транспортирани почитувајќи ги нормите кои се на сила, го има добиено и сертификатот  ISO 9001  кој гарантира тотален квалитет, од проектирање преку производство па се до продажба на своите производи.

Истовременото спроведување на HАCCП  и системот на квалитет  ISO 9001  делува синергистички, се за постигнување на глобален квалитет.
За ЕСИ С.п.а., да се делува во услови на гарантиран квалитет значи да се има можност да се понудат производи и услуги не само одредени со закон или специфични нормативи но пред се на очекувањата на потрошувачите.



21 суштински процедури за контрола на квалитетот
1. Набавување само на најдобри примарни суровини од добавувачи оквалификувани и валидирани од ЕСИ.
2. Чување на примарните суровини во соодветни услови, заштитени од топлина и влага
3. Тестирање и оценување на сите влезни суровини во моментот на прием, спроведувајќи хемиско-физички и микробиолошки анализи, користејќи консолидирани протоколи и софистицирани методи на контрола во однос на специфичните техники усогласени со производителот.
4. Чести набавки за да се осигура користење на примарни суровини кои се секогаш свежи.
5. Секаде каде што е потребно, обезбедува додавање на количина на состојки за да се осигура секогаш дека количината со истек на рок е соодветна со онаа што е декларирана на етикетата
6. Користење на врзувачи и ексципиенси од природно и/или растително потекло,
7. Гранулирање, секогаш кога е потребно, на некои хранливи состојки за да осигура униформно мешање на состојките.
8. Произведување во средина без влага за да се спречи штета врз состојките кои се чувствителни на влага.
9. Користење на последните техники на компресија одбегнувајќи да се користат штетни елементи.
10. Секогаш кога е потребно, униформно обложување на таблетите веднаш по производството, за да се одбегне да влажноста и оксидацијата му наштетат на финалниот производ
11. Да се спроведе тест на дисолуција за да се осигура дека таблетите и капсулите се раствараат во време предвидено со фармакопеа (во зависност од видот на производот)
12. Аналитичка контрола на секоја серија на полупроизвод пред да се дозволи негово пакување
13. Пакување на најголемиот дел од  производите веднаш после анализата.
14. Пакување во флакони и блистер таблети, капсули и течости следејќи ги важечките нормативи за чистотата и сигурноста на храната.
15. Пакување на производите на таков начин за што повеќе да се намали влијанието од светлина, топлина и влага.
16. Користење на соодветни контејнери за  храната 
17. Периодично контролирање на состојките присутни во производот за да се обезбеди ефикасност се до истекот на рокот на употреба.
18. Тестирање и контролирање на сите серии од сите крајни производи следејќи хемиско-физички и микробиолошки анализи, пред да се дозволи продажба.
19. Овозможување прецизна евиденција за да се понудат најсвежи производи и последно производство.
20. Гарантирање и секогаш аплицирање и водење на дневна евиденција  на соодветни процедури на безбедност, потпирајќи се на принципите врз кои се базира системот на анализа на ризик и контрола на критични точки.
21. Гарантирање на комплетна евиденција и документација  што почнува од прием на било која суровина се до давање на производот на продажно место, според она што се очекува од регулатива ЦЕ 178/2002
Заклучок : дали сте сигурни дека додатоците што го купувате се произведени со следење на овие 21 клучни точки за контрола на квалитет.